Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гасат 400 пожарникари со 110 возила, полицајци одат од врата на врата да евакуираат луѓе – голем пожар во близина на Атина

/

пред 801 дена

Сподели преку :

Големиот пожар во источниот дел на областа Атика сè уште не е ставен под контрола. На терен се 400 пожарникари, со 14 пешадиски тима и 110 возила, како и голем број на волонтери, додека со заоѓање на сонцето, прекина и интервенцијата од воздух. Поради пожарот што ветерот експресно го прошири, беа испратени девет пораки од бројот за итни случаи за евакуација на жителите на населени места во близина.

Во евакуацијата на жителите на зафатените подрачја од пожарот е вклучена и полицијата, а полицајци одат од куќа до куќа, од врата до врата за евентуално спасување на граѓани.

Два здравствени центра во пошироката област и две болници во Атина се во состојба на зголемена готовност, доколку биде потребна хоспитализација на повредени граѓани. Засега се регистрирани само неколку случаи на граѓани кои побарале помош со проблеми со дишењето поради густиот чад.

Иако пожарот е на околу 40 километри од центарот на Атина, чадот го покри небото во целата област Атика, а според националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, се простира во должина од околу 100 километри.