Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува официјално да ги распише локалните избори, кои ќе бидат осми по ред од осамостојувањето на Македонија.
Со ова, ќе започнат да течат изборните рокови, согласно Изборниот законик.
Граѓаните ќе избираат градоначалници и членови на општинските совети во 80 општини и Градот Скопје.
Државната изборна комисија има обврска до 27 септември да ги утврди конечните листи.
Еден од клучните рокови е и увидот во Избирачкиот список, кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае 20 дена, кога граѓаните ќе може да ги проверат и коригираат свои податоци.
Буџетот за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголемиот дел се предвидени за платено политичко рекламирање, а остатокот за организациски трошоци, вклучувајќи надоместоци за избирачките одбори и логистика на денот на изборите.











