Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По Мицкоски и Гаши е за укинување на „техничката влада“, смета дека за земја-членка на НАТО, со стабилна влада, не е угледно да формира техничка влада

/

пред 269 дена

Сподели преку :

Поканите уште не се испратени, но лидерска средба се подготвува. Од владата остануваат на ставот дека лидерите треба да се сретнат и да поразговараат за повеќе клучни прашања, меѓу кои се и реформските закони и предлогот на премиерот за укинување на техничката влада.

Со ист став е и претседателот на Собранието, кој на денешната средба со новинарите рече дека не гледа повеќе потреба за опстојување на ова решение кое предвидува, сто дена пред парламентарни избори, министри и заменици министри од опозицијата да раководат со дел од министерствата.

  • „Техничката влада беше ад-хок решение за решавање на тогашната политичка криза. Како на земја членка на НАТО, со стабилна влада, не е угледно  да формираме техничка влада, дотолку повеќе што гледаме дека во последните изборни циклуси изборите течат непречено, без забелешки. Еве, вчера завршија локалните избори, сите си честитаа, во две општини победија опозициски партии, немаше проблеми на изборите, немаше притисок. Нема зошто и натаму да влегуваме во  такви процеси“, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Иако во изминатите години и Социјалдемократите бараа укинување на техничката влада, сега Филипче одби да присуствува на лидерската средба и бара овој механизам да остане, затоа што смета дека е гарант за фер и демократски избори.

Мицкоски најавува лидерска средба за укинување на техничката влада

Од ДУИ, пак, ја чекаат поканата, а крајната одлука ќе ја донесе лидерот.

Од ДУИ, односно од Бадентерово и двотретинско мнозинство зависат повеќе закони, но и изгласувањето на Народен правобранител.

Лидерската е најавена за во среда.

На неа се очекува да се отвори и прашањето за предвремени избори, за кои од опозицијата упорно тврдат дека ќе се закажат веќе напролет, иако и премиерот во повеќе наврати, а и Гаши денеска рекоа дека не се за таквата можност, затоа што на државата и е потребна политичка и економска стабилност.

Далиборка Демјанска

Б.С.