Двотретинско мнозинство има, а уставните измени зависат само од политичкиот договор меѓу партиите. Ова го кажа собранискиот спикер Африм Гаши денеска, по брифинг со медиумите.
Тврди дека нема најава за одреден датум или месец кога ќе отпочне процедурата, иако очекува тоа да се случи наскоро. Гаши вели дека државниот врв многу сериозно ја третира оваа тема и се труди да обезбеди гаранции дека нема да има нови барања поврзани со историски и идентитески прашања на евроинтегративниот пат.











