Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска посочи дека Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и работат со полн капацитет.
Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.











