Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Северна Македонија е моја татковина

/

пред 863 дена

Сподели преку :

Гаши со фејсбук статус во обид да се објасни што мислел кога рекол дека Косово е негова татковина. По бурните реакции во јавноста и по повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најверојатен иден коалиционен партнер во новата Влада да се извини на граѓаните доколку навистина изнесол таков став, новиот собраниски спикер вели дека неговата изјава е извадена од контекст и дека написите кои беа објавувани деновиве се само за публицитет и не се вистинити.

Во неговото образложение на Фејсбук пишува дека Косово е родно место или татковината на неговите родители ѝ како такво, го почитува заради нив. Но потенцира дека негова татковина е местото каде е роден, живее и работи тој и неговото семејство, а тоа е Северна Македонија.

Додава дека дој е претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Мицкоски: Набргу ќе биде составена новата влада- да ги задвижиме работите во економијата, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна