Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералното собрание на ОН ја поддржа резолуцијата на Украина за војната- САД, Русија и 16 други земји гласаа против

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Генералното собрание на ОН ја поддржа резолуцијата на Украина за војната.

САД, Русија и 16 други земји гласаа против.

93 земји ја поддржаа резолуцијата на Украина, која ја нарекува Русија држава агресор и бара Кремљ да ги повлече своите трупи од Украина.

Северна Македонија беше воздржана.

Важно е да се напомене дека за прв пат од почетокот на Специјалната воена операција, документот го загуби својот клучен коавтор – САД, кои, пред да дојде Доналд Трамп на власт, постојано ги поддржуваа антируските резолуции на Генералното собрание.

Вашингтон подготви своја, неутрална. Генералното собрание за ова ќе гласа во понеделник.

Како што јави за Телма, Јане Бојаџиевски од ВОА, Вашингтон повикува на „брз крај на конфликтот и дополнително бара траен мир меѓу Украина и Русија. Мерката изготвена од САД не ја споменува целосната инвазија на Русија на Украина, која започна пред три години.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека актот „ќе потврди дека овој конфликт е ужасен, и ОН може да помогнат да се стави крај“.

Во пообемната украинска резолуција се вели дека руската инвазија „трае три години и продолжува да има разорни и долготрајни последици не само за Украина, туку и за глобалната стабилност“. Повикува на „деескалација, брз прекин на непријателствата и крај на војната против Украина“.

Резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но носат морална тежина на меѓународната заедница.

Во Советот за безбедност, е потребна поддршка од најмалку девет од 15 членки, со ниту една од постојаните членки – Велика Британија, Кина, Франција, Русија или САД- да не го користи правото на вето.

Мерката на САД се очекува да има доволно поддршка денес.  Тоа се совпаѓа и со посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на САД и разговорите во Белата куќа со претседателот Трамп за војната во Украина.

И британскиот премиер Кир Стармер треба да го посети Вашингтон оваа седмица со сличен фокус.