Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Георгиев: Одговорноста во случајот со Димитровска е индивидуална, но дефинитивно влијае врз работата на ДКСК

/

пред 541 дена

Сподели преку :

Првата Антикорупционерка останува недостапна за прашањата на медиумите дали ќе си поднесе оставка по сомнежот за нејзина вмешаност во случајот „Адитив“. Познавачите велат дека сè додека не се расчисти дали таа е навистина инволвирана или не, би било непримерно да продолжи да ја врши функцијата претседателка на ДКСК.

Димитровска е една од осомничените во проширената истрага на ОЈО ГОКК за случајот „Адитив“. Осомничена е дека преку апликации за пораки му оддавала службени тајни на друг осомничен во случајот.

Од ДКСК вчера преку соопштение посочија дека ќе продолжат да функционираат согласно Закон, но и дека како институција остануваат транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи, изразувајќи притоа подготвеност да ја поддржат истрагата и да ги обезбедат сите информации што ќе бидат потребни за расчистување на случајот.