Ги исплашивме на некој начин, не само со бројноста колку гласови собравме, туку и со нашето поинакво делување, вели Невена Георгиевска од „Независни за Карпош“ во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Затоа што ние едноставно ниту имаме багаж, претежно сите бевме активисти во овие листи. Едноставно кога ќе влеземе во комуникација и во префрлање, нема кај нас да ни кажат „вакви бевте, такви бевте“. Од друга страна им правиме проблеми. Со нас не можат „на ти го, дај ми го“ и едноставно ги вадиме сите работи на виделина. Мислам дека им е полесно меѓу себе да се договорат тоа да тече мазно, без разлика дали се конкурентни партии, отколку кога ќе се вмешаат некои кои не им играат по тие правила“, вели Георгиевска.











