Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Герасимовски: Процентот на зеленило во рамки на парцелите го зголемивме од 20 на повеќе од 25-30 отсто при издавање на дозвола за градба

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Процентуално зеленило стои во самите програми за издавање на одобрени за градба, рече актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ за нов мандат, Горан Герасимовски, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на Теолма ТВ.

„Во минатото на Советот, го усвоиле да има можност да се поставува и на покривите. Делумно се поставува, делумно не се поставува. И за тоа имаме нови правила во делот за издавање на дозволи за градби, во самата парцела мора да има дополнително зеленило. Значи тој процент од 20 отсто, сега го накачивме за над 25-30 отсто да има зеленило во рамкии на парцелата за градба. Граѓаните треба да знаат дека во моментот при издавање на дозвола за градба, има повеќе од 25 отсто зеленило“, истакна Герасимовски.

Тој се осврна и на паркирањето во Општина Центар за што рече дека е огромен проблем.

„При издавање на одобрение за градба, ги тргнавме оние непопуларни паркинг места клацкалки кои што во минатото не се реализирале. Дополнително, ставивме дека мора има посебно место за велосипеди и рампи за пристап на лица со инвалидитет и слично за издавање на дозвола“, изјави Герасимовски.

С.Д.