Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ГЕРБ на Борисов пред нова победа на предвремените избори во Бугарија, но повторно без мнозинство да формира влада

/

пред 723 дена

Сподели преку :

На седмите избори одржани во период од две и пол години, според првичните резултати партијата ГЕРБ, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов води на денешните парламентарни избори. Но нема мнозинство за да формира влада.

Реформистичката прозападна коалиција „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ во моментов е втора, а по неа е проруската екстремистичка партија „Препород“. До 20 часот излезноста бил над 35%.

Изборите, како што се оценува, даваат мала надеж за ставање крај на политичкиот ќорсокак во најсиромашната држава на Европската Унија.

Аналитичарите пак очекуваат во новото бугарско собрание да влезат три главни групи партии. Односно да се формира влада меѓу клепто- кратските партии кои се уште имаат проевропски позиции за да се формира некаква владина конфигурација со демократите.