Со герила акција пред министерството за животна средина, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ побара од ова министерство да воведе построги критериуми пред да ја ре-обнови дозволата. Инсистираат на средба со надлежните, а ако не се почитуваат нивните барања, најавија радикализирање на протестите.
Граѓанската иницијатива веќе неколку пати одржа протести пред Цементарница, барајќи да има мерни станици околу фабриката со јавно достапни податоци. Од „Усје“ демантираа дека тие загадуваат и велат дека работат според законски прописи. Додаваат дека инспекциите не констатираале никакви надминувања на законските лимити.
Затоа од пред надлежното министерство побараа измени за законот за издавање интегрирани дозволи.











