Германија бара од Косово да го продолжи рокот за регистарските таблички, суспензијата на опомените и решавање на прашањето низ дијалог.
Од институциите во Приштина се бара и отпочнување на преговори за формирање на Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО), соопшти Амбасадата на Германија во Приштина.
Германија смета дека основање на ЗСО е законска обврска на Приштина и ги поддржува напорите на специјалниот претставник на Европската Унија, Мирослав Лајчак во диалогот Белград – Приштина.
Германија, исто тала, смета дека повлекување на Србите од приштинските институции не е решение, туку дека таквиот потег ја ескалира ситуацијата. Во тој контекст ги повикува Србите да ги исполнат своите обврски, да се вратат во институциите на Косово и да ги извршуваат своите работни обврски во институциите, во правосудството, во полицијата и во локалната администрација.
Истовремено, од Белград и од Приштина се бара да го гарантираат мирот и стабилноста.











