Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија го суспендира доброволното прифаќање на азиланти од Италија

/

пред 1144 дена

Сподели преку :

Германија денеска информира дека го суспендира доброволното прифаќање на барателите на азил од Италија според европските договори поради „силниот миграциски притисок“ и одбивањето на Рим да ги спроведе тие договори.

Германската Влада го информираше Рим за својата одлука на крајот на август, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

Суспендирањето на приемот до понатамошно известување се однесува на доброволниот европски механизам за солидарност, кој го регулира трансферот на барателите на азил од земјата на пристигнување во Европската Унија во други земји-членки.

Берлин ја оправдува оваа одлука со сегашниот силен миграциски притисок кон Германија, како и со трајното суспендирање на трансферите на Даблинската регулатива од некои земји-членки, вклучително и Италија, што ги засилува главните предизвици со кои се соочува Германија во однос на капацитетот за прием и сместување.

Даблинската регулатива, која предизвикува многу контроверзии меѓу земјите-членки, предвидува дека земјата на пристигнување на мигрантот во ЕУ го обработува неговото барање за азил.