Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија првпат рускиот гас го плати во рубљи

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Германските енергетски компании „РВЕ“ и „Унипер“ потврдија дека за прв пат рускиот гас го платиле според правилата на Москва односно во рубљи преку посредничка банка во Русија. Германија е голем увозник на руски гас што минатата година сочинуваше повеќе од половината на увозот на тој енергенс, а значаен удел од увозот се реализираше токму преку  овие две компании, кои најавија дека ќе отворат сметки во „Гаспром банка“, согласно важечките правила што ги диктира Москва, за да обезбедат континуирано снабдување на земјата со руски гас.

Полска, Бугарија, Финска, Данска и Холандија одбија да плаќаат за рускиот гас по новите правила, а „Гаспром“ им ги запре испораките.