Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија воведе закон кој овозможува промена на име и пол еднаш годишно

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Германија од вчера има закон кој на граѓаните им овозможува еднаш годишно, со изјава во матичниот уред, да променат име и пол во женски, машки или различен. Со него се овозможува на трансродовите, интерсексуалните и небинарните лица да променат пол во службените документи.

Законот беше изгласан во април од владеачката коалиција на левиот центар, покрај бројни расправи и остро противење на десните и конзевативните партии.

За малолетните лица над 14 години ќе биде потребна согласност од родител или старател за промена на име и пол. Во случаите на деца под 14 годишна возраст, родителите ќе треба да поднесат изјава во матичниот уред. Во рок од 12 месеци од одобрување на барањето, нема да може да се изврши нова промена и враќање на претходниот пол.

„Со спроведување на законот за самоодредување, едноставната промена на пол и име, конечно, стана стварност“, истакна германската министерка за семејство, возрасни лица, жени и млади, Лиза Пауз која е членка на Зелените.

Свен Леман, квир претставник, исто така, од Зелените, рече дека Германија се придружила на групата земји кои им дозволуваат на луѓето да променат пол и име, а притоа да не се гледаат како болни или пациенти.

Според новиот закон, пол во документи ќе може да се промени без „вистинска“ промена

Слични прописи веќе постојат во 16 земји, меѓу кои Швајцарија, Ирска, Аргентина и Нов Зеланд.