Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германска Влада нема да воведе мораториум за извоз на оружје во Израел

/

пред 762 дена

Сподели преку :

Германската Влада ги отфрли медиумските извештаи според кои Германија повеќе не издава дозволи за извоз на оружје за Израел, пренесе ДПА.

Нема мораториум за извоз на оружје за Израел и нема да има, одговори на прашањето на ДПА портпаролот на Министерството за економија во Берлин.

Портпаролот на Министерството појасни: „Сојузната влада носи одлуки за издавање дозволи за извоз на оружје во секој поединечен случај, имајќи ги предвид надворешнополитичките и безбедносни услови.“

Тој истакна дека Германија ја зема предвид тековната состојба, вклучувајќи ги нападите на Хамас и Хезболах врз Израел, како и операциите во Газа.

Министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, на 11 септември изјави дека Германија прави сѐ за поддршка на израелската самоодбрана по нападите на Хамас на 7 октомври. Таа додаде дека Германија нема да поддржи ништо што го крши меѓународното хуманитарно право.