Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германски државјанин осуден условно и протеран за веење знаме на „Голема Албанија“

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Државјани на Германија доби условна казна затвор од две години за истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, со што предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, соопшти Јавното обвинителство.

Лицето непосредно пред фудбалскиот натпревар Шкендија – Карабаг, било забележано од полицијата и приведено, по што по итна постапка Обвинителството ја процесуирало кривичната пријава по Член 319 од Кривичниот законик за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а судот веднаш изрекол пресуда – условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните пет години.

Со оглед дека станува збор за странски државјанин, судот донел и одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

Во меѓувреме, и од МВР и од Јавното обвинителство информираат дека продолжуваат со активностите за откривање, идентификување и процесдуирање на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост на спортските натпревари кои се одиграа изминатите денови во Куманово и во Скопје.