Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германскиот парламент го отфрли предлогот за испорака на ракети со долг дострел на Украина

/

пред 1012 дена

Сподели преку :

Германскиот парламент го отфрли предлогот поднесен од конзервативната опозиција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел Таурус.

Против него синоќа гласаа речиси сите пратеници од владејачката трипартиска коалиција.

Ваквиот развој на настаните може да изгледа збунувачки со оглед на тоа што две од трите партии кои се дел од владата, Зелените и Слободната демократска партија, со месеци го повикуваа социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц да ги испрати овие проектили.

„Таурус“ се едни од најнапредните ракети и можат да уништуваат бункери и од голема оддалеченост.

Германскиот канцелар претходно одлучи да не испорачува такво оружје на Украина поради загриженоста дека Киев би можел истите да ги искористи за да нападне длабоко на руска територија.

Сепак, според експертите, ова оружје може да и помогне на земјата да го врати својот територијален интегритет.