„Правичен и искрен“. Вака евроамбасадорот Гир го оцени извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на македонскиот евроинтегративен процес.Презентирајќи го, ги потенцираше најважните забелешки во делот на реформите и загриженоста во врска со политичката поларизација.
Гир нотираше дека во извештајот е пофалена работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), како и на Државниот завод за ревизија (ДЗР), но дека нивните одлуки мора да се почитуваат.Забележан е ограничен напредок во реформите во јавната администрација, а ги наведе и лошите услови во затворите, особено во најголемиот во земјава – „Идризово“.
Вицепремиерот за европски прашања, од овие забелешки не гледа дека извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија, туку напротив.
Вицепремиерот смета дека проблемите може да се решаваат и во текот на преговорите, и дека во моментов е најважно да се донесат уставните измени. Гир, пак, ги става реформите на прво место.
И двајцата побараа консензус меѓу политичките партии. Гир за клучните реформи, а Маричиќ за прашања како што е изборот на директор на ОТА, членови на Антикорупциската комисија, комплетирањето на Уставниот суд.Само со заедничка работа и договор, вели, во следниот извештај ќе се добијат подобри оценки.
Далиборка Демјанска Цветановска











