Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Главчев разговарал со Мицкоски – позициите на Бугарија остануваат непроменети

/

пред 673 дена

Сподели преку :

Да се гледа со оптимизам кон проширувањето е една од темите кои претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, најави дека ќе ги отвори на денешниот состанок со лидерите на Европската унија, бидејќи како што изјави непосредно пред почетокот на Европскиот освет, ако Европската унија не работи на проширувањето, други ќе го заземат нејзиното место.

„Неколку години сум дел од Европскиот совет и една работа која доминира на сите овие Совети е дека ние им дадовме ветување на луѓето кои гледаат на Европа како на свој дом, дека нема да ја затвориме вратата за овие луѓе“, изјави Мецола.

Мецола денеска информираше вчерашниот самитот ЕУ – Западен Балкан бил многу поотворен и подиректен од претходните, а одговарајќи на новинарско прашање за можноста новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, проблемите со кои се соочуваат земјите-кандидати да ги става под тепих, таа рече дека Кошта има големо искуство во преговарање, како и во работа со влади кои треба да постигнат решение и во решавање на проблемите и несогласувањата меѓу луѓето.

„Според мене тој е некој што може да го направи тоа, не само со нашите соседи и трети земји, туку и меѓу земјите-членки и тоа ни е потребно. Потребно ни е да имаме храброст да продолжиме да дискутираме за овие прашања, дури и тешките, бидејќи ако не зборуваме за нив нема да значи дека тие ќе исчезнат. И во Европскиот парламент, видов самата, тоа е моето искуство, дека мора да ги доведете луѓето во иста просторија за да ги решите проблемите. И јас тоа би му го предложила на новиот претседател на Европскиот совет да започне со дискусии најбро што е можно, билатерално, но и со сите лидери на земјите-членки“, изјави Мацола.

За Македонија и надминување на нејзината пречка за пристапување во ЕУ, техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, прес почетокот на Евроспкиот совет денеска информираше дека вчера во рамки на самитот ЕУ – Западен Балкан разговарале со македонскиот премиер, Хрстијан Мицкоски, како што рече, како и секогаш за време на одржување на такви настани.

„Му реков да внимаваме со изјавите и тоа кај вас, ние гледате дека ништо не изјавуваме. Со јазикот на омразата не треба да продолжиме и прво треба со него да почнеме за да можеме секакви други дијалози да водиме. Но, нашата позиција не е сменета, како што ви кажав и вчера, нема промени во позицијата. Но, да почнеме така со добрите европски односи и со добриот европски тон којшто би требало да се применува меѓу држава-членка и кандидат за членство во ЕУ“, изјави Главчев.

Инаку, Советот за општи работи на ЕУ пред два дена ги усвои заклучоците кои треба да бидат потврдени од Европскиот совет, при што за Македонија се констатира дека земјата сè уште ги нема завршено уставните измени на кои се обврзала самата и оти што ги спроведе Советот е подготвено да свика втора меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања или дополнителна политичка одлука и да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро.

Инаку клучните теми на денешниот Европскиот совет се Украина и како таа уште повеќе да се поддржи, како и позиционирањето на Европската унија на светската сцена, при што доколку Унијата сака да биде глобална сила ќе мора да делува обединето во секој поглед и оти не смее да ја потценува сопствената моќ.

Тамара Грнчароска