Растот на врсничкото насилство ја наметнува потребата од контрола и превенција.. Она што се случува на социјалните мрежи се почесто се рефлектира и во училиштата, а возраста веќе не е граница.
Врсничкото насилство станува се поприсутна појава меѓу младите во Македонија. Справувањето со оваа ситуација бара обединување во напорите на семејствата, училиштата и целото општество за да се создаде посигурна средина за раст и развој на сите млади.
Зголемениот број пријави на малолетничкото насилство треба да се бара кај сите нас..Особено родителите имаат поголема одговорност, да ги остават личните проблеми, борбата за егзистенција настрана, смета психологот Мирјана Јовановска.
„Тука се вклопува и немање на доволно, или отсуство на грижа за нивното ментално здравје, за тоа како тие да се справат со светот наоколу, значи какви вештини ќе изградат за тоа како ќе се справат со нивниот внатрешен свет. Како ќе се справат со нервозните родители, како ќе се справат со тој систем што е во училиштето, како ќе се справат со улиците, загаденоста, со привривањата политички, со нервозите што се околу нив“, вели Мирјана Стојановска Јовановска психолог.
Врсничкото насилство најмногу се должи на домашното воспитување, социјалната припадност, но и на новите општествени трендови.
„Многу работи има за кои што ние можеме да зборуваме сега што се можеме да направиме за нив, и кога они ги немаат тие работи,кога не знаат што да прават ни со себе, ни со светот околу себе, ниту соодветни начини како да ги решаваат своите агресивни превривања внатрешни, своите лутини, своите несогласувања нормално од она што го гледаат и што им се сервира и телевизија, социјални медиуми,игрички, филмови агресијата е како некој дозволен начин како они ќе си ги решат своите проблеми“, вели Мирјана Стојановска Јовановска психолог.
За само еден месец во Министерството за образование и наука пристигнале 6 пријави за врсничко насилство, а се полни и билтенот на МВР. Рекордер по престапки на малолетници кон малолетници е градот Тетово.
„Во текот на септември 2024 година, регистрирани се вкупно 24 настани на врсничко насилство, од кои најголем број се регистрирани на подрачје на Секторот за внатрешни работи Тетово – 13“, велат од МВР.
Според последното истражување на Институтот за човекови права најголем дел од искуствата со булинг се состоеле од навреди и исмевање, а неможноста на жртвата да се спротистави е една од главните причини кои учениците ја навеле за нетрпеливост помеѓу соучениците. Изминатата недела јавноста се згрози од последниот инцидент во основно училиште, за кој што се уште се трага по одговорност.
Симона Петровска
View this post on Instagram











