Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го добивме договорот со „Бехтел&Енка“, најмногу ни тежи од сите и во тек е негова анализа, вели Ивановска од ДКСК

/

пред 1250 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзороциум „Бехтел&Енка“, што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.

„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. Тимот е составен од четворица советници, секој специјалист во својата област.

„Тој предмет ни тежи најмногу од сите. Сите сили се вложени за да биде што побрзо“, изјави Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски” во Општина Центар.