Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје и одзел пари, алкохол и цигари

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол  внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец.

На 18 април, повторно на ист начин се обидел да влезе во истиот маркет, но за кратко време бил забележан од случајни минувачи и вработени кои пријавиле во полиција.

Во конкретниот случај, како што велат од Обвинителството, постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особено затоа што осомничениот непријавено престојувал во државава, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.