Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го сметаат како браник од етничко чистење – стотици Срби на северот на Косово на протест против отворање на мост на Ибар

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Стотици Срби на северот на Косово излегоа на протести против отворање на мост на реката Ибар што го сметаат како браник од етничко чистење.

Мостот беше затворен за возила во 2011 година. Локалната власт лани донесе одлука за негово повторно отворање, а нејзиното спроведување се очекува од централната власт.

Таквиот потег предизвика загриженост кај западните сили од оживување на меѓуетничкиот конфликт во градот чиј север е со мнозинско српски население. Германија, Франција, Италија, Велика Британија и САД ги повикаа косовските власти да се воздржат од отворање на мостот во овој момент. И припадници на КФОР се излезени на терен и внимателно ја следат состојбата.

Односите меѓу Србија и Косово остануваат напнати и покрај 13-годишните преговори за нормализација со посредство на Европската Унија. САД и ЕУ вршат притисок врз двете страни за спроведување на обврските од постигнатите договори на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на почетокот на минатата година.