Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Годинава скромен раст од 2, 6 отсто, Бежоска предупредува финансиските институции се уште имаат најповолни услови за позајмици

/

пред 881 дена

Сподели преку :

Земјава ќе ја заокружи годинава  со скромен раст  од 2, 6 отсто. Ова се очекувањата  на Народната банка. Бројките се пониски од она што за 2024 банката го предвидуваше во есенскиот извештај. Тогаш проценките беа дека годинава ќе се заврши со раст од 3 проценти.  Проекциите на Централата банка се пониски и од владините, а слични на оние на меѓународните финансиски институции кои очекуваат земјава  повторно да има најслаба економија во регионот.

-Поради послаби остварувања во првиот квартал, надолна ревизија кај нашите најзначајни трговски партнери и помала реализација на структурните проекти, вели гувернеката Анита Ангеловска- Бежоска

Оценуваат дека кај нас  нема позначително намалување на цените на храната, и дека од предпандемискиот период тие се двојно повисоки. Очекуваат стабилизирање на инфлацијата. Но, предупредуваа дека земјава се уште се бори со  висок дефицит и јавен долг кој надминува 60 проценти од БДП.

По најавите на идниот мандатар Мицкоски за задолжување од една милијарда евра од странска влада, од банката сметаат дека фокусот за тоа треба да биде кај  меѓународните финансиски институции, каде условите се поповолни.

-Во услови на глобален амбиент каде условите се затегнати и каматите значајно повисоки, иако има одредено стабилизирање, многу е значајно да се фокусираме на соодветните избори за финансирање на државата. Секако, еден  од важните фокуси треба да ни бидат меѓународните финансиски институции каде условите под кои ги даваат кредитите се поповолни од пазарите. додава Бежоска

Од НБРМ  велат дека во втората половина од годинава можно е да има олабавување на монетарната политика од која зависи и висината на каматните стапки и на депозитите и на кредитите.

Наредната година пак од Централната банка очекуваат растот да биде  3, 6 проценти.

Ирена Чачкова