Синоќа околу 21:30 часот изби голем шумски пожар над Битола, кој брзо се прошири кон селата Лавци и Смолево. Огнената стихија зафати тежок и непристапен терен, што значително ја отежнува интервенцијата на противпожарните екипи.
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Битола, Христијан Тодоровски потврди дека веднаш по дојавата се испратени три екипи на терен. Жителите од поширокиот регион се повикани на внимателност, а надлежните ги следат временските услови кои може да влијаат на ширење на огнот. Засега нема информации за евакуирани или повредени лица.











