Големите жештини ги зголемуваат производствените трошоци на струмичките земјоделци. Почесто наводнување, вложување во заштитни мрежи, се само дел од дополнителните трошоци за да се одгледаат градинарските култури.
Земјоделците велат дека после недостатокот на работна сила и пласманот, климатските промени се третиот голем предизвик за земјоделското производство. На овие горештини предизвик е и да се организира работата. Високите температури го органичуваат и времето на работа на земјоделците.
Во пластениците не се влегува после 8 часот наутро, па градинарите се приморани да работат од изгрејсонце и доцна пред зајдисонце, што го скратува времето на ефективна работа.
Освен градинарските култури високите температури стануваат проблем и за овошните насади, каде наводнувањето е неопходно бидејќи може да дојде до намалување на приносите.
Сузана Мицева











