Автомобил „фолксфаген голф“ вчера околу 17 часот удрил во 72-годишен човек. Несреќата се случила на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново село, на македонско-бугарската граница. Човекот бил од село Ново Коњарево низ кое минува патот. Во стариот човек удрило возилото со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин. Прегазениот старец починал на лице место, по што смртта била констатирана и од лекар, потврдија од МВР.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а поради сообраќајната несреќа овој патен правец синоќа беше затворен повеќе од 3 часа.











