Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Горат 12 села низ Македонија, четвртина од куќите во Немањица се изгорени – огнената стихија ја шири силниот ветар

/

пред 810 дена

Сподели преку :

Три села во светиниколско се зафатени од пожарите, додека една четвртина од куќите во селото Немањици се изгорени, вели градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Младев.

Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, од Неготино, од Кавадарци и од Велес. На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици.

Градоначалникот Владев информира дека пожар има и во светиниколското село Малино и таму биле зафатени куќи, а гори и во правец на селото Богословец. Тој посочува дека сите сили се ангажирани и добро е што нема повредени или загинати во овие пожари.

Инаку цело Овче Поле е зачадено и се гледа чад и пламени јазици на неколку локации во овчеполскиот регион.

Директорт на ЦУК Стојанче Ангелов претходно информира дека по попладневните часови, 12 села во државава биле зафатени од пожари на отворено. Станува збор за села во светиниколско, кумановско, пробиштипско, и штипско.