Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиевски: Нечистотијата и нехигиената во градот влијае на пренос на вирусни инфекции

/

пред 407 дена

Сподели преку :

За само една недела за 30 отсто зголемен број на прегледи бележат матичните лекари. Горнореспираторни инфекции кои најчесто започнуваат со болка во грлото, затнат нос, силни главоболки, сува кашлица, висока фебрилност и омалаксаност. Доколку не се реагира навреме во одредени случаи може да премине и во долнореспираторна патологија со пневмонии и бронхити.

„Токму една клиничка слика на вирусна состојба. Но, она што го забележувам во последниот временски период кога ќе го прегледам пациентот и врз основа на лабораториските анализи имаме иста лабораториска слика како во времето на Ковид инфекциите и многу веројатно станува збор за ширење на Ковид инфекцијата низ земјата, покрај другите вируси и бактерии кои веќе циркулираат во овој временски период“, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.

Возрасната популација, хронично болните и бремените жени треба да бидат исклучително внимателни. Воедно да се внимава на здравјето на малите деца, на новороденчињата и доенчињата кај кои што се уште не е развиен имунолошкиот систем за да одговорат соодветно на вирусите и бактериите. На кое ниво е здравствената култура кај нас во однос на превенција?

„Здравствениот менталитет за жал морам да кажам ни е на многу ниско ниво. Мислам дека и хигиента се одржува на многу ниско ниво. Градот ни е многу прљав и нечист и тоа има големо влијание на циркулацијата, загаден воздух со дивите депонии. Кога ќе дувне еден ветер, сите тие прашини во кои има по еден вирус или бактерија. И тоа е тоа, сите шетаме, сите се движиме по овој град, во парк на кеј или слично и конечно треба да си признаеме тоа влијае на пренос на вирусни инфекции дури и во летниот период“ додаде д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ- СМ.

Со почетокот на учебната година се зголеми и бројот на прегледи на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле. Над 100 прегледи на дневно ниво, најчесто со ентерални инфекти, фебрилности и респираторни инфекции.

Нина Стефанова