Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиевски: Лебот нема да поскапи, цените на пченицата и сончогледовото масло стабилни

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Цената на лебот нема да расте. Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, кој порача дека цената на пченицата е стабилна, како и цената на суровото сончогледово масло, како и дека не се очекуваат големи флуктуации.

Ѓорѓиевски додаде дека бизнисот не е за замрзнување на маржи, туку за пазарно формирање на цените и нагласи дека треба доследно да се применува Законот за нефер трговски практики.

Во врска со минималната плата, тој посочи дека е важен одржлив баланс бидејќи покачувањето влијае на зголемување на сите плати.

„Проблем не е бизнисот, туку администрацијата. Треба да научиме да работиме за да земаме плата,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека квалитетните работници во приватниот сектор земаат добри плати, а оние незадоволните си заминуваат.