Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиевски во „Топ тема“: Не е едноставен процес некому да му поништите одобрение за градба кој ја издал некој во минатото

/

пред 674 дена

Сподели преку :

Не секогаш ќе бидете омилен кај инвестиорите, кај градежниците. Знаете дека не е едноставен процес некому да му поништите одобрение за градба кој ја издал некој во минатото, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода, во вечерашната „Топ тема“ во рамки на програмата „Грантови и градење на капацитети, финансиран од МЦМС со средства од американскиот народ преку УСАИД.

„Или цела фаза на изработка на детален урбанистички план во Расадник со 99 згради, каде што некаде најниската, мислам дека беше 18-катница, а стануваше збор и за згради кои што беа со 24, 26 и 28 ката. Не е едноставно цел тој процес да го поминете, но доколку се има силна верба и заложба во она што значи интерес на граѓаните кои што се единствен суверен според мене и кои што ја дале поддршката за јас да ја водам таа општина на четири години, тогаш отстапките не треба да постојат“, рече Ѓорѓиевски.