Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва на отчетот за првите 100 дена од својот мандат, зборуваше за тешката состојба која ја наследил во градот, предизвиците со кои се соочил и резултатите кои биле остварени во овој период. Најави интензивна работа на повеќе поголеми инфраструктурни проекти.











