Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гостите на Груби продолжуваат со фудбал на скапиот паркет – и Сорос ја погоди мрежата на голчето

/

пред 1298 дена

Сподели преку :

По фудбалот со сопартијците на мали голчиња во скапо опремениот кабинет на Артан Груби во барокната зграда на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, првиот вицепремиер на Фејсбук се пофали дека мрежата ја погодил и синот на Џорџ Сорос, Александар, кој му бил на гости. Во објавата Груби напиша:

„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата “Отворено општество“, г-дин Александар Сорос.“

Овој Фејсбук-статус на Груби следува по бурните во јавноста и критики дека министрите од ДУИ во јавна институција се однесуваат како да е нивна приватна сопственост. Груби ги нарече реакциите „хистерични“, а медиумите ги оцени како тенденциозни, и го изјави следното:

„Ако тоа толку длабоко задира во вашите, твоите, во сите ваши чувства, јас навистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал и сме играле баскет. Ако толку задира во чувствата за било кој што е трогнат од таа слика“.

За да ја оправда тезата, ги праша медиумите зошто не објавиле вести кога градоначалникот на Тирана дал гол со пета или пак кога словачкиот амбасадор шутирал на голот.