Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот на Мариупол: Имаме повеќе од 21.000 мртви, престанавме да ги броиме телата

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека се проценува дека досега во градот загинале 21.000 луѓе, но дека властите морале да престанат да ги бројат телата поради уличните борби.

Бојченко, исто така, рече дека телата исчезнуваат од улиците и дека руските сили се одговорни. Би-Би-Си не можеше независно да го потврди ова тврдење.

Русите користеле хемиско оружје?

Украинците ги проверуваат непотврдените извештаи дека Русија користела хемиско оружје за време на опсадата на Мариупол.

„Постои теорија дека тоа би можело да биде муниција од фосфор. Официјалните информации ќе бидат објавени подоцна“, изјавија украинските власти.

Ројтерс побара и од руското Министерство за одбрана да ги коментира наводите за употреба на хемиско оружје во Украина, но се уште нема одговор.