Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓани со повик за протест поради несреќата во која загина 22-годишна Кулакова

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото каде смртно беше прегазена 22 годишната студентка Фросина Кулакова.

Се споделуваат повици за протест со порака да се подигне јавната свест за одговорноста во сообраќајот но и одговорност за сторителот. Тие бараат надлежните да отворат очи.

Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

„Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.

Бил осуден за дрога, но останал на слобода и ја усмртил Фросина Кулакова, 20 годишниот возач повторно во Шутка