Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, за време на одржувањето на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.