Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните на Кочани близу до договор со општината, градоначалникот прифати четири од петте нивни барања

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Граѓаните на Кочани вчера попладнето оствариле средба со градоначалникот по која велат дека се блиску до договор за исполнување на нивните барања за состојбата со градската депонија.

Велат дека на средбата биле усвоени четири од пет нивни барања. Според информациите до кои дојде Телма градоначалникот дал зелено светло за неколку важни мерки, но решение на клучното барање за одбивање на ѓубре од други општини сè уште не е донесено.

На средбата било договорено да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи неовластен пристап. Местото да биде ставено под видеонадзор.

Да бидат ангажирани лица за обезбедување на теренот 24/7 и да не се дозволува неовластен влез на депонијата.

Сепак според најавите протестот ќе продолжи и денеска со цел изнаоѓање решение на нивното клучно барање, а тоа е да не се дозволува одложување на отпад на депонијата од други општини, а градоначалникот се обврзал да даде одговор на ова нивно барање најдоцна до сабота.

Граѓаните најавија дека ќе формираат кризен штаб составен од советници и граѓани, кои ќе го надгледуваат процесот на управување со депонијата и ќе обезбедат транспарентност во понатамошните активности.