Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓански активисти остануваат на барикадата кај село Бели – продолжуваат протестите на кочанската „Депонијада“

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Продолжуваат граѓанските протести на кочанската „Депонијада“. Претседателката на „Грин орг“, Ана Симонова најави дека, како здружение, се повлекува од протестите. Но, поголема група на граѓани и на граѓански активисти во Кочани кои се организираат како Одбор за Здрав живот во Кочани велат дека остануваат на барикадата кај кочанското село Бели и не ги пропуштаат ниту камионите со отпад од Кочани.

Барањето им е да добијат официјална одлука дека на депонијата нема да се депонира отпад од Виница, од Зрновци и од Чешиново-Облешево. Виница денеска донесе одлука отпадот привремено да го депонира во близина на село Драгобраште, по што ќе чекаат согласност од министерството за животна средина. Општина Зрновци својот смет ќе го собира во фабриката за рециклирање, додека не се реши проблемот и не добијат одговор од централната власт, каде ќе го носат отпадот.