Наместо да се собира медицинска документација од граѓаните, потребно е да се направи студија за загадувањето и последиците по нивното здравје, порачаа кочанските граѓански активисти. Ова доаѓа откако Основното јавно обвинителство побара од граѓаните кои пред две години поднесоа кривична пријава против фабриката за рециклирање на хартија Пејпер Мил да достават медицинска документација за нарушеното здравје.
Граѓанските активисти од За здрав живот Кочани собираат потписи. Оваа нивна иницијатива ќе ја достават до сите странски амбасади и институции. Милан Димовски секој ден е на различни локации во Кочани, за да им помогне на активистите. Тој е еден од жителите кои живеат во зградите, кои се на само неколку метри од фабриката.
Кривичната пријава против фабриката за хартија пред две години ја поднесоа од Здружението Грин ОРГ и зад неа застанаа над 700 граѓани.
Викторија Димитрова Јованова











