Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граничниот премин „Евзони“ (Богородица) е затворен за сообраќај на сите видови возила

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин „Евзони“ (Богородица) од 17 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, се додава во соопштението на АМСМ.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, потсетуваат од АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.