Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчките машиновозачи во 24-часовен штрајк

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Грција денеска е без железнички сообраќај, откако машиновозачите започнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради отпуштањето на тројца нивни колеги од компанијата „Хеленик Трејн“.

Според синдикатот, станува збор за искусни машиновозачи со над 42 години стаж и здравствени проблеми, кои биле отпуштени без најава.

Тие ја обвинуваат компанијата дека покрај отпуштањата, ги принудува возачите да работат прекувремено и не им ги доделува редовните одмори за 2024 година, и покрај тоа што е субвенционирана со над 50 милиони евра годишно од државата.

Синдикатот бара итно повлекување на решенијата за отказ и подобри работни услови.