Граѓани кои втор месец со жив штит бранат да не се донесе механизација на планината за изградба на хидроцентралите. Младата активистка вели дека природата е под закана од различни експлоататори, но ги слушаше и мислењата на локалните активисти, нивните причини зошто ги поставуваат овие блокади.
„Не можеме да продолжиме да ги жртвуваме екосистемите ако сакаме да преживееме. Ова е уште еден пример како локалната заедница се жртвува од луѓе коишто немаат допирна точка со овие предели. Се жртвува питката вода и другите вредни ресурси“ рече Грета Тунберг, шведска активистка.
На планината преовладуваше ведриот дух на присутните, активистите сметаат дека позитивната енергија е потребна за да се издржи борбата против лукративните намери на поединци. Младите луѓе се особено среќни што нивната борба ја заинтригирала Тунберг, верувајќи дека преку нејзиното присуство нивниот глас ќе стигне подалеку, ќе одекне глобално за да се алармира за овие еко закани, но и да ги спречи.
Бунтот против изградба на двете хидроцентрали трае веќе две години. Еко активистите предупредуваат дека во случајот се вклучени бизнис интереси и се сомневаат дека има незаконски постапувања и корупција, па бараат документацијата да биде ставена на увид на јавноста.
Покрај интересот за локалните еко проблеми швеѓанката Тунберг присуствуваше и на дискусија за Газа и Палестина што вчера се одржа во Скопје. Таа во видеото со кое го најави своето присуство во Македонија се осврна и на одлуката на македонското собрание за неподдржување на резолуцијата за со која се бара од Израел да овозможи влез на храна и медицински средства за цивилите во Газа.
Сузана Мицева











