Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грвала: Вучиќ измислува закани за да предизвика конфликт

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала вели дека Косово на ниеден начин не ѝ се заканило на Србија и не презело ништо со што би ја загрозило безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на информациите од Белград дека српската војска наводно урнала косовски дрон на српска територија близу границата меѓу двете држави, Грвала на својот Твитер напиша дека се работи за „уште една лажна операција“ на српскиот претседател Александар Вучиќ „за обвинување на другата страна, со цел подгревање на тензиите“.

Според шефицата на косовската дипломатија, целта на Белград, односно на Вучиќ и на новоизбраниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е да предизвикаат конфликт.

– Никаква закана кон Србија. Некогашните следбеници на (Слободан) Милошевиќ, а сега на (Владимир) Путин, Вучиќ и Дачиќ, очигледно следат едно сценарио: бараат конфлик. 2022 година не е 1991, 1992/96, ниту 1998/99. Косово е независно, НАТО и САД го бранат мирот на Балканот, напиша Грвала.