Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гувернерот на Харков: Градот е под тежок артилериски напад, има мртви и ранети

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

Четири цивили загинаа, а најмалку десет се повредени во руските напади врз Харков во североисточна Украина, изјави гувернерот на градот.

„Во текот на денот окупаторите продолжија да ги гранатираат станбените области на Харков. За еден ден загинаа четворица цивили, а десет беа ранети“, се вели во соопштението на Олег Сињегубов.

Според Сињегубов, северниот округ Харков бил погоден од „жесток артилериски оган“.

Русите „убиваат напаѓајќи го цивилното население“, посочи тој.

Харков, вториот по големина украински град со речиси 1,5 милиони жители пред војната, е на околу 40 километри од руската граница.

На почетокот на руската инвазија на 24 февруари таму се водеа жестоки борби неколку дена, но се уште е во рацете на украинската армија.