Првата цел е постигната, режимот е обезглавен. Но, далечно е да се зборува за радикални промени на Блискиот исток по синоќешната воена интервенција.
Според универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев претстои турбулентен период.
Неизвесно е дали САД ќе примени тактика на милитантни групи и опозиција која ќе се бори со режимот или ќе продолжи со исцрпувачки воени напади.











