Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Хагари: Израел го проширува влезот на силите на израелската одбрана во Појасот Газа

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Израелската армија во текот на ноќта го прошири делувањето на своите сили во северниот дел на Појасот Газа соопшти портпаролот на израелската одбрана Даниел Хагари. Тој вели дека израелската армија „ напредува во етапите на војната според планот, и постепено ја проширува копнената активност и опсегот на делување“.

Иако Хагари акциите на израелските одбрамбени сили не ги нарече сеопфатна инвазија, сепак жртвите на двете страни се очекува нагло да се зголемат додека израелските сили и палестинските милитанти се борат во густи населени области.

Зборувајќи за секојдневните тензии на израелско-либанската граница, тој рече дека „Хезболах продолжува да дејствува против нив на север како и дека силите на Израел успешно се справуваат со ситуацијата на терен.

Војната меѓу Израел и Хамас, влегува во својот 23-ти ден, а започна откако милитантите на Хамас од Појасот Газа на 7 октомври го преминаа високо утврдениот израелски ѕид и извршија масакар на музички фестивал кој се одржуваше на отворено, а беа нападнати и голем број израелски погранични заедници.

Тие убија голем број луѓе и киднапираа мажи, жени и деца – вклучително и постари и инвалиди.

Израел започна воздушни напади врз Појасот Газа и го стави под блокада со што земјата се соочи со недостиг на храна, гориво и други резерви како одмазда за крвавиот упад, ветувајќи дека ќе ја уништи милитантната група.