Амбасадорот Мухамед Халили во гостување во емисијата „Топ тема“ вели дека доколку Путин ги задоволи своите апетити, војната би можела да се рашири во поранешните советски републики и соседите на Русија.
„Факт е дека после агресијата на Русија врз Украина веќе не само Европа туку поголемиот дел од светот живее во паника, Европа нема идеја како да ја надмине оваа криза. Досега на дипломатски пат безуспешно, постои голема бојазност од ЕУ земји членките и САД во оваа агресија на Русија, Путин ги задоволи своите апетити, би можело да се рашири војната во поранешните советски републики но и земјите кои се граничат со Русија на воен и економски план. Мислам дека НАТО и САД беа загрижени за овој воен продор на Русија, и евентуалното одбегнување од оваа криза би било членстовото на Финска и Шведска во НАТО“, изјави Халили.











