Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас предаде 13 израелски заложници и 4 државјани на Тајланд

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Заложниците ослободени од Хамас се префрлени од Црвениот крст во Египет и се на пат да се вратат во Израел, соопштија израелските одбранбени сили.

Израел потврди дека втората група од 13 заложниците се веќе на пат за дома. Освен нив, Хамас ослободи и четворица други тајландски државјани.

Израелската војска додаде дека конвојот на заложниците моментално се движи низ Египет до точка за состанување во Керем Шалом, кибуц во јужен Израел.

Се чека и Израел да ослободи 39 палестински затвореници.

Денешното ослободување можеше да не се случи, и напнатоста траеше цел ден, откако Хамас го обвини Израел дека манипулира со процесот, дека не го пропушта хуманитарниот конвој до северна Газа, како и дека правеле преправки во списокот со палестински затвореници.

Дилемата се реши со помош на медијација на Катар и Египет.